ОВЕН
Работа: Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се на страна и не влегувајте во ризици.
Љубов: Ако сте во брак или заедница, сметате дека саканата личност нешто ви крие.
Здравје: Проблеми со варењето на храната.
БИК
Работа: Јасно е дека не гледате се на вистинскиот начин. Во работната комуникација и сами може да бидете малку нејасни и недифинирани.
Љубов: Ќе запознаете интересна личност од соседството.
Здравје: Проблеми со уринарни инфекции.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Многу тежок ден е пред вас. Можни се големи трошоци или некоја материјална штета. Внимавајте.
Љубов: Сега сте загрижени за своето поле на финансии, па затоа односот со саканата личност паѓа во втор план.
Здравје: Посетете лекар.
РАК
Работа: Лесно може да се случи некоја кражба на ваша штета. Немојте да влегувате во било каков вид шпекулации.
Љубов: Разочарани сте, и во вас сега навираат негативни емоции. Ќе ви биде потребно некое време за нова љубов.
Здравје: Замор.
ЛАВ
Работа: Немојте да се занимавате со важни работни задачи денеска. Вашите идеји не се довршени и не се подготвени за презентација. Не брзајте.
Љубов: Иако сте мислеле дека сте подготвени за прекин на врската, сега се двоумите.
Здравје: Психолошки сте напнати.
ДЕВИЦА
Работа: Сте изгубиле доверба во некој од соработниците, најверојатно во личност родена во земјен знак.
Љубов: Иако умеете да бидете издржливи и толерантни кога навистина сакате, сега на некој начин сте дошле до граница на трпеливост.
Здравје: Стрес и нервоза.
ВАГА
Работа: Можни сте некои мали несогласувања со надредените или некој од нив не ги исполнил ветувањата кои ги дал.
Љубов: Дистанцата која владее меѓу вас и партнерот, тешко ви паѓа, но сте свесни дека се од него зависи.
Здравје: Проблеми со грбот.
ШКОРПИЈА
Работа: Доколку планирате пат далеку во странство, имате шанси за добар исход. Во спротивно, подобро да бидете дома.
Љубов: Ви се допаѓа една сестрана и необична личност која има уметнички талент.
Здравје: Водете сметка околу циркулацијата.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ве загрижуваат трошоци кои се пред вас, но се надевате дека во вистинско време ќе успеете да ги регулирате.
Љубов: Можно е да почнувате да се сомневате во вашата врска и сметате дека не е се онака како што се претставува.
Здравје: Восплаенија или инфекции.
ЈАРЕЦ
Работа: Имате впечаток дека вашите соработници не може да го следат вашето темпо и на некој начин ве успоруваат.
Љубов: Во бракот веќе не сте среќни, сите тоа го знаат, а најтешко е да си признаете себе си. Не е поволен период.
Здравје: Внимавајте на бубрезите.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денешниот ден не ви е претерано добар за работа, особено ако сте планирале некои големи промени.
Љубов: Очекувајте интересна љубовна средба во вечерните часови. Пред вас е романтика.
Здравје: Проблеми со притисокот.
РИБИ
Работа: Пред вас е генерално добар ден. Се што ви треба и што барате може да добиете без голема мака.
Љубов: Ве очекува понуда за сериозна врска со личност во која од некои причини немате доверба.
Здравје: Чувствителни стопала.
извор:тв.21.тв