Една жена решила да сподели на Инстаграм зошто не треба да ги фрламе лушпите од кромид и што можеме да направиме со нив. Тие се полни со витамини А, Ц и Е, а исто така имаат и антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот.
View this post on Instagram
Погледнете како можете да ги употребите.
1. Ставете ги во супа
Сварете ги лупшите од кромид со друг зеленчук и ќе имате супа со богат вкус на кромид полна со витамини. Кога ќе се свари супата извадете ги лушпите.
2. Додајте ги во ориз
Ставете неколку лушпи од кромид кога готвите ориз. Користете големи парчиња за да можете полесно да ги извадите. Така ќе добиете ориз со одличен вкус!
3. Додајте ги во леб
Ситно сомелете ги лупшите од кромид додека не наликуваат на прав, а потоа додадете една лажичка кога месите леб.
4. Компостирајте
Ако сакате да рециклирате отпад, тогаш можете да ги компостирате лушпите од кромид. Тие се многу хранливи за почвата и можат да направат голема разлика во квалитетот на вашата градина и цветните леи.
извор: Кафепауза