Среќни и радосни вести пристигнуваа од домот на македонскиот пејач.
Имено, некогашниот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски и неговата сопруга Сања Митровски за првпат се реализираа во улогата на родители.
Радосните вести на социјалните мрежи ги сподели токму Филип кој истакна дека новиот член на семејството им се придружил еден ден пред неговиот роденден.
„24 август 24 АВГУСТ.. ден пред мојот роденден си добив НАЈУБАВ ПОКЛОН ❤️
Чувството неее се опишува..емоции кои неможат да се објаснат со зборови. Мојата Сања Митровска ми РОДИ ЌЕРКА. Станав татко. Новото поглавје во нашиот живот допрва почнува“, напиша тој во описот на фотографија на којае е со неговата сопруга.
А под објавата се нижеа честитки и со желби да е живо и здраво девојчето.
Потсетуваме, во 2018 година Божиновски заплива во брачните води со неговата долгогодишна девојка Сања.
Честитки, да е жива и здрава ќерката, и среќен роденден на Филип!
фото: фејсбук