Објавувањето селфи е популарно кај сите генерации, но многумина не се ни свесни дека откриваат повеќе отколку што прикажуваат фотографиите. Се чини дека начинот на кој некој фотографира селфи може да открие различни тајни за нечиј карактер, укажува нова студија и зависноста од селфи може да влијае на вашата врска.
Студијата на Универзитетот за технологија Nanyang во Сингапур посочува дека и позирањето и аголот на фотографирање селфи можат да откријат повеќе особини на нечија личност. Експертите велат дека врз основа на селфито и изразите на лицето, може да се забележат разни лични тајни и емоции. На пример, ако некој изгледа среќен и се смее на селфи-фотографија, тој или таа е веројатно добронамерен и пријателски настроен, заклучува истражувањето. Оние кои фотографираат селфи под лицето можат да се прилагодат на какви било услови. Исто така, оние што се фотографираат на јавни места изгледаат многу искрени.
Новата студија на академиците од Универзитетот во Флорида открива дека луѓето кои објавуваат многу селфи-фотографии на социјалните мрежи, честопати знаат да влезат во конфликт со нивниот љубовен партнер заради тоа. Луѓето кои објавуваат многу нивни фотографии се претежно луѓе кои се позадоволни од изгледот на своето тело и самоуверено ги споделуваат на Фејсбук, Инстаграм… Но, затоа можат да предизвикаат кавга со некој близок заради љубомората на зголемено внимание од другите корисници и пријатели за ваквите фотографии.
Авторите на студијата шпекулираат со врска помеѓу честите објавувања на атрактивни селфи-фотографии на едниот партнер со чувства на љубомора или несигурност на другиот партнер. Исто така, тоа може да доведе до тоа еден партнер поблиску да ги следи активностите на неговиот партнер на социјалните мрежи, што го прави уште повеќе нервозен. Ова може да доведе до кавги, измами, несигурности, па дури и да се нарушат врските.
извор: Курир.мк