Направете домашен леден десерт од овошје и шеќер или мед.
Потребни состојки (за 6 лица):
- 500 грама свежи или замрзнати малини (делумно одмрзнати)
- 150 грама шеќер (можете да користите мед наместо шеќер)
- 375 милилитри слатка павлака
- 1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Ставете ги малините во блендер и испасирајте ги. Потоа, ставете ги во сад, додајте го шеќерот и мешајте додека не се растопи и додека не добиете хомогена смеса.
Додајте ги слатката павлака и екстрактот од ванила и измешајте сè заедно. Турете ја смесата во сад и оставете ја во замрзнувачот додека не замрзне.
извор: Кафепауза