Во април месец оваа година, раперот Марко Маринковиќ-Слаткар и неговата сопруга, екс-мисица и водителка, Сања Николиќ, станаа родители за првпат.
Сања и Слаткар станаа родители на синче за кого го одбраа името Моша.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gorda-majka-eve-kako-izgleda-sanja-nikolikj-po-poroduvanjeto-foto/
Новопечните родители не беа многу резервирани за приватниот живот, па на социјалните мрежи објавија фотографии од заедничките моменти со новиот член на семејството.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-nepoln-mesec-od-poroduvanjeto-sanja-nikolikj-izleze-na-prva-proshetka-so-sincheto-foto/
Тие уживаат во првите месеци во љубовта и енергијата на своето синче, а секој момент го користат да го поминат заедно.
Меѓутоа, деновиве во домот на Слаткар и Сања има посебен повод за славење, односно роденденот на Николиќ.
Иако, Сања најчесто е резервирана за приватни детали, овој пат направи исклучок и покажа какво изненадување добила од нејзината мајка за роденден.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели дел од дворот во кој со разни букви беше испишано „Среќен роденден“, а во описот дека тоа е мало изненадување од нејзината мајка.
Тука е и домашно направената роденденска торта….
Инаку, Сања наполни 38 години. Среќен роденден.