Пејачот Маријан Стојаноски кон средината на изминатиот месец јули стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата тазе венчана сопруга Наташа.
Сега кога навршија 40 дена од раѓањето на бененцето кое го доби името Вероника, тато Маријан заедно со наследничките, правец во родното Крушево.
Таму во природа излегоа на прошетка, па тато Маријан го овековечи овој момент со неколку фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.
-Животот е поубав со неа, пишува во описот дополнето со три симболи од срциња.
За потсетување, Маријан и Наташа официјално стапија во граѓански брак кон крајот на месец јуни, непосредно пред породувањето, додека свршувачката се случи претходната година.