Ако имате проширени пори или сакате да направите пилинг со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата, тогаш оваа маска е за вас!
Покрај тоа, маската ќе ѝ ја обезбеди потребната влажност на кожата и ќе ја нахрани, што директно влијае на намалување на брчките на лицето.
За припрема ќе ви биде потребно:
– половина шолја мед
– 3 супени лажички свеж исцеден сок од портокал
– 1 лажичка морска сол
Измешајте ги сите состојки во еден сад и маската е спремна за користење. Нанесете на сува, чиста кожа и оставете 15-тина минути да делува, а потоа измијте го лицето со млака вода.
Како оваа маска делува на кожата?
Медот е богат со антиоксиданси и поттикнува регенерација на ткивата. Длабински ја храни кожата и го враќа нејзиниот сјај. Лимонската киселина од портокалот ќе го изедначи тенот и ќе ги ублажи сите флеки на лицето, додека морската сол е задолжена за пилинг и отстранување на мртвите клетки кои го нарушуваат блескавиот изглед.
извор: точка.мк