Понзатиот турски актер Озчан Денис (45) се ожени со својата 20 години помлада избраничка Фејза Актан, пишуваат турските медиуми.
Церемонијата се случила во домот на актерот во присуство на 15-тина луѓе, а невестата не носела венчаница, туку едноставен бел фустан.
За Озчан, кај нас е најпознат по улогата на Караман во серијата „Виорот на судбината“, а ова ќе биде прв брак.
Венчавката се случила точно на 80-ми март и тоа со причина, а за изборот на датумот, актерот изјавил:
-Сакам венчавката да биде на Денот на жената. Мојата сопруга и сите жени се круна на мојата глава, изјавил тој.
Инаку, младата невеста е бремена и за месец и половина ќе роди син.
извор:yasemin.com