Радио Милева

Ова преслатко девојче го слави својот 21 роденден, а посебна честитка доби од нејзината мајка – погодувате ли за која пејачка станува збор?

Ова преслатко девојче го слави својот 21 роденден,  а посебна честитка доби од нејзината мајка – погодувате ли за која пејачка станува збор?

Роденденот е посебен ден во нашиот живот, датум кој еднаш во годината го одбележуваме и славиме.

Некои родендените сакаат да ги одбележат со големи прослави, со неколку стотици гости, гламурозни забави, а некои сакаат тоа да биде мала прослава во кругот на најблиските пријатели, роднини, во кругот на семејството.

Една млада македонска пејачка го слави својот роденден, а во кусите приказни на „Инстаграм“ доби многу честитки.

Меѓутоа, посебна честитка доби и од  нејзината мајка која на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии од пејачката и во описот напиша емотивна порака:

„Девојче моја, моја прва љубов, моето се’. Tи ја посакувам целата среќа на планетата, да продолжиш да сонуваш, соновите да ти се остварат, цврсто да газиш по ѕвезденото небо и секогаш да бидеш насмеана и сакана. Среќен роденден Цацицке моја, те сака мама“, пишува во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena Todorova (@irenaveterova) on


Погодувате ли за која млада пејачка е на фотографијата?

Станува збор за Ања Ветерова која денес (13.08.2020) го слави својот 21 роденден, а по тој повод пристигнаа бројни честитки на нејзината адреса.

фото: Инстаграм/ањаветерова

Инаку, Ања е на релација Македонија – САД односно Бостон каде што студира на престижната музичка академија Беркли.

фото: Инстаграм/ањаветерова

Потсетуваме, таа пред некој месец доживеа вистинска голгота кога поради пандемијата со коронавирусот одлучи да се врати на одреден период во Македонија, а на патотот од САД до Охрид преживеа вистинска голгота.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anja-veterova-za-svojata-golgota-na-patot-od-sad-do-karantin-vo-ohrid-namesto-vo-toalet-mi-ponudija-da-izvrsham-nuzda-pred-policisko-vozilo-video/

За среќа, тоа е дел од минатото, а сега Ветеров ќе може на раат да си го прослави својот роденден.

Среќен роденден.

To top