Ќерката на пејачот Жељко Јоксимовиќ важи за згодна, атрактивна и убава градска женска. Но, иако го води животот на една урбана девојка, Мина Јоксимовиќ на својот Инстаграм објави неколку фотографии направени во Долна Буковица, село во близина на Ваљево, родното место на нејзиниот татко Жељко.
Со фотографите од и пред шталата помеѓу крави, јариња и прасиња, Мина без комплекс се пофали споделувајќи ги на социјалните мрежи.
Градската мома уживаше во селската идила опкружена со домашни животни, а сето тоа внимателно го документираше што можете да го забележите на објавените фотографии.
Со тоа не само што покажа дека нема комплекси на повисока вредност, туку и докажа дека Мина не срами од корените и своето семејно потекло.