Пејачката Тања Савиќ поминува низ вистинска агонија бидејќи повеќе од 3 месеци ги нема видено своите деца, а сега сопругот Душан и забранил да се слуша со нив, па пејачката 5 дена ги нема видено и слушнато синовите.
„Многу ми е тешко без децата, јас не знаев дека мојот сопруг ќе ги однесе. Никој не ми се јавува на телефон, дури сум и блокирана“ вели пејачката.
Како додаде ќе продолжи да се бори за децата.
„Пријавив овде и во тамошната полиција, се надевам дека некој ќе реагира иако целата ситуација е отежната поради короната. Кога ќе имам прилика одам во Австралија, морам да се борам за децата“.