Лубеницата содржи големо количество на вода и е одлична за хидратација на телото за време на жешките денови. Прочитајте зошто треба да се јаде лубеница ТУКА
Токму затоа еве еден рецепт за вкусен пијалак од лубеница.
Сè што ви треба е свежа лубеница, нож и блендер. Срцето на лубеницата исчистете го од семките и исечкајте го на мали парчиња. Парчињата ставете ги во блендер, додајте шеќер по желба и измешајте.
Ако напитокот ви е густ, додајте вода или коцки лед. Во сокот можете да додадете и малини, капини и јагоди. Ако сте љубители на кисел вкус, ставете и лимон.
извор: ипортал