Анабела Атијас и водителката на реалното шоу „Задруга“ – Душица Јаковљевиќ влегоа во вербална војна заради ќерката на Анабела, Луна. Всушност, нивниот конфликт започнал во моментот кога учесниците во шоуто имаа можност да ги видат новинарските статии, а потоа во собата Душица ја праша Луна за престојот на Златибор, како што беше напишано во статијата со наслов „Дрога, секс и познати фудбалери“!
Луна ги негираше овие наводи и рече дека тоа е целосна невистина, а Душица пак ја замоли да ја објасни целата ситуација.
Сето ова многу ја вознемири мајката на Луна, поп пејачката Анабела, кој и испратила на Јаковљевиќ, наводно заканувачки пораки.
Ја нападнала Душица да престане да го споменува Златибор, за Анабела да не ги извади сите валкани алишта за неа … Дури во еден момент и ги споменала и децата.
„Ја убедуваш Луна да каже дека се дрогира, иако тоа не е точно. За тебе допрва ќе се пишува, а јас ќе зборувам против тебе секаде каде што можам. Знам што правиш ти, а и што прават твоите деца“ – пораките што Анабела ги испратила до водителката.
По овие пораки, водителката го прекинала секој контакт со пејачката, велејќи дека повеќе не зборува со неа.
„Јас разбирам дека Анабела Буква, Атијас… како ли веќе се презива, е пречувствителна. Луѓето треба да разберат дека јас не сум големиот шеф, туку само водител на ова шоу. Исто така, имам приватен живот и работно време. Верувам дека ќе и помине, зашто секој би бил загрижен да ја види неговата ќерка во различни непријатни ситуации и да слушнете различни приказни за неа. Но на крајот на краиштата, учеството во шоуто беше нејзин избор“ – изјавила Душица за српските медиуми!