Мегафон

На 27 и 28 март во родната Битола: Каролина ќе го претстави „Извор“

На 27 и 28 март во родната Битола: Каролина ќе го претстави „Извор“

Својот нов албум „Извор“, Каролина Гочева ќе го промовира и во родната Битола, каде што нејзините сограѓани ќе уживаат со одличниот материјал во рамките на два концерта. Пејачката ја најави веста уште вчера, а сите детали штотуку беа објавени на нејзината страница на Фејсбук.

Имено, концертите ќе се одржат на 27 и на 28 март, во Центарот за култура – Битола, со почеток од 20.00 часот, а концептот ќе биде ист како и на скопските концерти, односно во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум „Извор“, додека во вториот дел ќе се најдат најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда, во 09.00 часот, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн. Со секоја купена влезница, следува подарок – луксузно дигипак-издание од албумот „Извор“.

To top