Потребни состојки:
- 1 средна тиквичка
- 3 големи јајца
- 80 милилитри млеко
- 10 милилитри минерална вода
- 50 г брашно
- 50 г рендано сирење
- 1/2 врски копар
- сол и бибер
За полнежот:
- сланина
- павлака
Начин на подготовка:
- Изрендајте ја тиквичката, посолете и оставете ја 10 минути, а потоа исцедете ја.
- Измешајте ги јајцата со брашното, ренданото сирење, сечканиот копар, солта, биберот, млекото и додајте ги тиквичките. Додадете минерална вода за да добиете густа смеса за палачинки.
- Добро измешајте ја смесата и пржете ги палачинките во тава со малку зејтин.
- Во друга тава пржете ја сланината. Потоа, премачкајте ги палачинките со павлака, додадете ја сланината, завиткајте и сервирајте.
извор: кафепауза