Исечете го пилешкото месо на парчиња и испржете го во маслиново масло. При крајот на пржењето додајте соја сос.
Исчистете го ананасот и исечете го на коцки. По желба, пропржете ги и парчињата ананас во маслиново масло. Во руколата додајте маслиново масло, лимон, сол, бибер и ананас па промешајте. Одозгора додајте ги и испржените парчиња пилешки стек и послужете.