За време на бременоста, ТВ водителката и пејачка, Бојана Скендеровски, остана активна пред камери и продолжи со прекечувањето на своите гости на „Улица Македонија“.
Кај Бојана како да се е испланирано под конец, па откако ја заврши сезоната, се породи и целосно и се посвети на својата најголема љубов – ќеркичката, која го доби името Искра.
Но, Бојана како вистински професионалец, знае да ги организира нештата во својот живот и да се води по максимата дека кога се сака, се може се, па на само неколку месеци по подорувањето, таа и нејзиниот сопруг Васко Скендеровски, кој е извршен продуцент на емисијата, ги отпочнаа подготовките за новата сезона на „Улица Македонија“.
Денес, веќе поминаа пет месеци откако Бојана и Васко стнаа горди родители и сопственици на побогат живот со непроценливото богатство што може да го има еден човек.
Искра е фокусот на нивниот зенит, а деновиве Бојана на социјалните мрежи ги изненади своите пријатели и следбеници со фотографија на која е на прошетка со бебенцето.
-Мајка и ќерка, напипша таа во описот на фотографијата, греејќи над Искра со својот топол мајчински поглед, полн со бесконечна љубов.
Бидејќи ова беше првата јавна фотографија, ласкавите честитки за мајчинството се редеа како бисери.