Подолг период странските таблоиди шпекулираат дека бракот на актерката Џулија Робертс и Даниел Модер е пред распад, и дека таа одлучила повеќе за не живеат заедно.
Сепак, по неколкумесечните приказни, излезе дека тоа се само измислици.
Таа објави емотивна фотографија со својот сопруг, по повод нивна 18-годишнина од брак.
Станува збор за заедничката фотографија на која што го бакнува:
„Кога го запознав Даниел и се венчав со него, мојот живот доби нова смисла. Тогаш сфатив дека мојот живот нема да биде ист“ – раскажала актерката своевремено.
Инаку, тие двајца се венчале во 2002-та година, а пред тоа Даниел бил во брак со шминкерка.
Овој пар има три деца, Хејзел, Финеја и Хенри Даниел.