Тања Савиќ добила повик од полиција бидејќи некој се претставувал во нејзино име и се обидел да извади пари од картичката.
Според сознанијата, таа личност мислела дека Тања е во Австралија и дека случајот нема да биде откриен.
Савиќ се огласи и ги потврди овие сознанија потенцирајќи дека е во шок поради целата ситуација.
„Ми се јавија да дадам изјава поради кражба на пари и кражба на идентитетот. Прво помислив дека некој се шегува со мене, но не станува збор за шега“, изјави Тања и додава:
„Ќе одам да видам што се случува бидејќи ми кажаа дека такви разговори не може да ги откриваат преку телефон“.