Топлите летни вечери веќе се тука, а со нив и неколку коктели за освежување навистина би биле добредојдени. Додека џин и тоник доминираат на терасите, на списокот има уште неколку идеални пијалаци во кои можете да уживате.
Коктелите Хуго и Мимоза спаѓаат во тој список, а погледнете како можете да ги подготвите дома и да се освежите.
1. Хуго
Потребни состојки:
шампањ
минерална вода
нане
сок од бозел
коцки мраз
Начин на подготовка:
Во една чаша ставете ја ментата и додајте го сокот од бозел.
Потоа додајте го шампањот, коцките лед и малку минерална вода.
Украсете со нане и парче лимон.
2. Мимоза
View this post on Instagram
Потребни состојки:
сок од портокал
шампањ
овошје за украсување (по избор)
Начин на подготовка:
Во една чаша ставете го сокот од портокал и шампањот и украсете со овошје по избор.
извор:кафепауза.мк