Ќерката на починатиот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, пејачката Илда Шаулиќ се огласи да соопшти две вести. акко што самата вели една добра една лоша. Имено, најпрвин сопшти дека таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ го очекуваат второ дете, пренесува српски Телеграф.
Дека таа е бремена дознала на роденденот на нејзиниот брат на 15 јуни, па се израздува дека за неколку месеци таа и нејзиниот сопруг по втор пат ќе станат родители.
Но во исто време Илда им соопштила на медиумите дека е и позитивна на коронавирусот, а за заразата дознала неколку дена откако докторот и потврдил дека е бремена.
Пејачкат немала никакви симптоми, само заради превентива се тестирала откако дознала дека е бремена, се со цел да биде спокојна, но… Тестот бил позитивен, а два дена после тоа ги добила и симптомите. Го изгубила чуството на вкус и мирис, иако немала температура.
Илда сето ова го споделила и на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм.
“Драги мои, морам да споделам две вести со вас, едната убава, а другата не толку добра. Првата е дека нашето семејство ќе стане побогато за уште еден член, што сите со нетрпение неизмерно го чекаме. Точно заради бременоста, отидов и на тест и добив резултат што ми покажа дека сум позитивен на Ковид 19. Јас веднаш ќе ви кажам дека немам никакви симптоми, се чувствувам добро, па нема причина да се грижите, но во исто време јас сум свесна за сериозноста затоа ги преземав сите пропишани мерки, вклучително и самоизолација. Ви благодарам однапред на убавите желби и бидете добро. Ве сака Илда“ – напишала таа во најновиот пост на споменатата социјална мрежа.