Неда Украден неодамна славеше златна годишнина од постоењето на музичката сцена. Покрај тоа што во медиумите се појавува само кога промовира нова песна или албум, своевремено изјавила дека никогаш не подлегнала на пластични операции.
Денес има 67 години, а ве потсетуваме како изгледала на почетокот на кариерата.
Мислам дека на мене се гледа дали сум пластична убавица. Се што гледате на мене е мое- гради, коса, нос, уши, задник, рекла Неда.
Но сето тоа мора да се одржува со масажа, и секако ништо без нега на лицето, но и духот. Не дека не се плашам, но сум пример колку староста е релативна работа. Јас сум жив демант на биологијата, медицината и сите комплементарни науки бидејќи дури сега живеам најдобро во својот живот. Можам да бидам пример и патоказ како жената не треба да биде отпишана со 45-50 години, бидејќи е во прашање голема невистина. Кога ќе го сочувате своето здравје и вложувате во својот изглед, можете да бидете витални во било која животна доба. Не се срамам и со гордост ги истакнувам своите години. И една сум од ретките пејачки која јавно зборува за своите родендени и годините. А и сум доказ да се биде горд на годините, биографијата, изгледот и семејниот статус.