Доколку сте вегетаријанци, тогаш овој оброк сигурно ќе го ставите на листата со омилена храна.
Се разбира, овој лесен оброк добро ќе им дојде и на оние кои не се вегетаријанци, кои преферираат полесна храна.
Состојки:
– 600 гр. компири
– 1 поголем домат
– 1 кромид
– 2 зелени пиперки
– 1 голем морков
– малку карфиол
– 1 помала тиквичка
– 200 гр. печурки
– грст грашок
– масло, магдонос, бибер
– 2-3 чешниња лук
– 2 лажици инстант супа од печурки
Подготовка:
Запржете го кромидот на масло, додадете ја исецканата пиперка, на кругови исецканиот морков, тиквичките во форма на коцки, грашакот и карфиолот.
Додадете ги печурките, биберот и лукот. Подмачкајте тава од 30х20 со масло. Исечете половина од компирите и наредете ги на дното на тавата, па во средина истурете од динстаниот зеленчук. Покријте со домати исецкани на кругови и остатокот од компирот пресечен на листови. Во 100мл. вода растворете 2 лажици од инстант супата од печурки, промешајте и прелијте. Истурете малку масло. Печете на 200 степени околу еден час.
извор:точка.ком.мк