Живот и Стил

Рецепт за вкусни динстани печурки

Рецепт за вкусни динстани печурки

Брзи и вкусни динстани печурки…

СОСТОЈКИ:
300 гр печурки
3 лажици кисела павлака Пекабела
1 главица кромид
сончогледово масло
сол
кумин
кари

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте кромид. Исечкајте печурки. На загреана тава ставете масло и динстајте кромид до златно-кафеава боја. Потоа ставете ги печурките на кромидот. Добро измешајте и динстајте 20 минути на средно силен оган додека течноста не испари.

Посолете и ставете кисела павлака. Динстајте и повремено мешајте уште 5 минути. Тргнете ја тавата од рингла, сервирајте на чинии, додајте кумин и кари.

Добар апетит!

извор:готви.мк

To top