Живот и Стил

Вкусен, крцкав и полн со фил: Ова е најдобриот топол сендвич на сите времиња (видео)

Вкусен, крцкав и полн со фил: Ова е најдобриот топол сендвич на сите времиња (видео)

Не постои личност на светот која не сака богат сендвич, без разлика дали е тоа за појадок, ручек или вечера. Токму затоа денеска ви претставуваме еден рецепт за топол сендвич кој е полн погодок.

Потребни состојки:
– 8 парчиња тост леб

– 1 ситно исецкан домат

– 50 гр. исецкани маслинки

– 100 гр. чаен колбас

– 100 гр. чадени пилешки гради

– 150 гр. кашкавал

– 1 лажичка мајонез помешана со 2 лажички кисела павлака

– малку масло

Состојки за прелив: 2 јајца, 1 лажичка кисела павлака, 30 мл. млеко, малку сол.

Начин на припрема:
Во една тава ставете малку масло и наредете 4 парчиња леб. Премачкајте ги со мајонезот и павлаката, а потоа додајте го ренданиот кашкавал, маслинките и парчињата домат. Одозгора додајте ги парчињата пилешки гради и чајниот колбас, а потоа повторете го процесот на редење на состојките, изоставајќи го месото.

Потоа, ставете ги преостанатите 4 парчиња леб. Изматете ги сите состојки за прелив, прелијте ги преку лебот и печете 10-15 минути на 180 Целзиусови степени.

Пријатно јадење!

извор:точка.ком.мк

To top