Претходните неколку години, популарните нежни и природни летни нијанси беа надополнети со многу поинтензивни и впечатливи бои. Па така, и ова лето ќе уживате во модерните бои на лакови за нокти, чиј опсег на нијанси се движи од нежни светли до силни неонски нијанси. Овие седум нијанси ќе бидат најпопуларните бои на лакови за нокти за претстојното лето.
1. Неонска жолта боја
За да ја направите оваа боја уште поизразена, под неа нанесете еден слој непроѕирен лак. Дополнителен совет: за да постигнете совршена рамнотежа, на ноктите на нозете нанесете кремова нијанса.
2. Огнена мандарина
Оваа нијанса ќе изгледа фантастично на вас, без разлика дали имате потемен тен или не, а се вклопува совршено со чаша ладен егзотичен коктел.
View this post on Instagram
3. Пастелна виолетова
Нежна и привлечна, оваа нијанса ќе изгледа многу добро на вашите прсти, особено откако вашата кожа ќе добие потемен пигмент. Оваа боја е совршена за лето и е свежа и женствена.
View this post on Instagram
4. Светла виолетова
Едно е сигурно – ова е боја што никого не остава рамнодушен. Оваа живописна нијанса е многу раскошна и одлично се комбинира со лак за нокти во боја на праска што можете да го нанесете на нозете.
View this post on Instagram
5. Морска сина боја
Оваа нијанса ќе ве потсетува на море, на плажа, на лето… Во исто време, тоа е вистинско освежување кое можете да го носите на прстите, во секое време и во секоја пригода.
View this post on Instagram
извор: Кафепауза