Од рак на јајниците годишно се заболуваат голем број на жени ирум светот
Голем проблем е тоа што за оваа болест е тешко да се воспостави дијагноза, а симптомите не се специфични и можат да се поистоветуваат и со други болести. Овие се некои од симптомите кои можат да укажат на здравствени проблеми поврзани со јајниците:
Болки во стомакот и карлицата – Остра и упорна болка во долниот дел на стомакот исто така може да биде знак дека треба да отидете на преглед кај вашиот гинеколог.
Слаб апетит – Чувствувајте дека сте сити дури и ако не сте јаделе ништо. Доколку немате апетит и јадете многу малку, би било добро да проверите зошто тоа се случува.
Често мокрење – Нагонот за често мокрење, понекогаш и три до четири пати во рок од еден час, може да биде знак дека нешто не е во ред со вашите јајници.
Претерано вагинално крварење – крварењето по менструацијата и ректалното крварење се исто така можни симптоми за рак на јајниците. Ако тоа трае подолго од месец дена, веднаш обратете се на доктор.
Болки во грбот, замор, губење на тежината – Овие симптоми можат да укажат и на некои други болести, но секако пожеллно е да се посети доктор.
извор:скопје24.мк