Иако долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија, инфектологот Вело Марковски на македонската јавност и стана познат по своите забележителни и настапи во медиумите, особено на ТВ, со своите излагања, видувања, стручни анализи, препораки… околу корона епидемијата. Така, тој за кратко време ги собра симпатиите и стана еден од омилените стручни ликови во Република Македонија, кој се обидува со своето искуство и знаење несебично да помогне во борбата со невидливиот непријател.
Секогаш кога си за кусо време толку многу медиумски експониран, како по правило стануваш интересен лик не само професионално, туку и приватно како за народот, така и за медиумумите, кои набргу се заинтересираа за сето она што пошироката јавност не го знае за доктор Марковски, а е врзано за неговиот приватен живот.
Јавноста до душа знаеше дека познатиот епидемиолог е бивш сопруг нанекогашната пратеничка Ѓулистана Марковска со која беше во брак и од која се разведе.
Но, истражувајќи ја неговата приватност, брзо се обзнани она што е сегашност во неговиот приватен живот, па така Марковски на социјалните мрежи беше компариран со доскорешниот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија, заради една работа: И тој како и реисот имаат многу помлади сопруги!
Имено, вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.
Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.
Убавата Евгенија е позната и како модел, а особено популарна стана пред 7 години, кога во етерот се појави контроверзното видео на групата „Пука козметика“ за темата „Си го бара“ кое изобилува со прилично провокативни сцени, какви што се и стиховите на песната, кои обработуваат токму и таква, скокотлива тематика.
Евгенија истата година се појави и во некои фолк спотови како оној за песната ”Пајтон Лено да ти купам” испеана од Иван Радески, нашинец кој живее и работи во Австралија.
Потоа таа се повлекува од манекенството, моделството и медиумите па, освен блиското опкружување, откако ќе стапи во брак со доктор Маркоски, за неа пошироката јавноста нема многу да слушне, се’ до сега.
Откако младата убавица и професороот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.
Нашиот познат инфектолог професор-доктор Вело Маркоски и неговата млада, убава, згодна и атрактивна сопруга Евгенија се вистински доказ дека љубовта не познава ниту граници, ниту брои години.
Фото: Фејсбук принтскрин