Жаре Бербер, денес по повод интернационалниот празник на жената 8 Март, на жените од регионот им ја подари својата нова песна со наслов „Понекад“. Песната е дело на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, и е поразлична од се што досега Жаре пеел. Романтична забавна балада со која ја раздвижуваат македонската но и регионалната музичка сцена.
„Песната e наменски направена за фестивалот Сунчане Скале, пред некоја година. Но тогаш се повредив и наместо на фестивал со награда, завршив во болница на операција. 8 Март ми се виде како убав ден и празник за да ја промовирам оваа песна за која се надевам дека ќе си го најде патот до слушателите но и до гледачите, со оглед на тоа што во песната освен нас, се појавуваат и две убави дами“ – вели Жаре.
Видео спотот е дело на Томато продукција и е снимен во околината на Скопје. Во него, главната улога ја има македонската манекенка Симона Станковска.
Најголемиот дел од публиката на Жаре Бербер и неговиот + 18 бенд се жени, па токму затоа одлучија денес оваа песна да биде нивна осмомартовска честитка. Освен во Македонија, песната ќе биде промовирана и во регионот. Во меѓувреме, Жаре Бербер и неговиот бенд не застануваат тука. Продолжуваат да работат на нови песни и паралелно да ја забавуваат публиката низ македонските клубови.