Изминатиот период во време на карантин и полициски час, на социјалните мрежи имавме можност да видиме многу ретро фотографии на позиати личности, од нив, нивните најблиски или еден времеплов нив годините од фото-моменти кои досега сме немале прилика да ги ѕирнеме од приватноста на познатите.
Некои од вас веројатно веќе нагодуваат кое е малечкото црнокосо девојченце од фотографија…
Станува збор за нашата поп-дива Калиопи која изминатите неколку месеци беше меѓу најактивните на социјалната мреѓа Инстаграм.
Таа пееше во живо, комуницираше со фановите и своите колеги од дома и регионот, па имавме прилика да слушнеме многу музика и разговори од Калиопи на нејзиниот профил.
Фановите будно следеа се’ што правеше таа, а особено среќни беа оние кои имаа прилика лично да разговраат со неа, нешто кое таа го применува и непосредно кога има време и обврските и го дозволуваат тоа.
Овој пат за промена ја објави оваа стара фотографија од нејзиното детство, а многумина со воодушевување коментираа колку е преслатка нашата Опи.