Радио Милева

Модерна дама: Вака изгледа мајката на Сузана Турунџиева која има 80 години (фото)

Модерна дама: Вака изгледа мајката на Сузана Турунџиева која има 80 години (фото)

Сузана Турунџиева често е активна на социјалните мрежи и знае да сподели мудри мисли, зборови за животот и предизвиците.

Таа изминатиот период во време на изолација го помина во својот дом заедно со помалата ќерка Матеа. Како што истакна во едно интервју, неколку месеци не успеала да го види својот внук Јаков, а тој веќе ги пуштил и првите чекори.

Меѓутоа, кога се ослободија мерките и се укина полицискиот час, Сузе одлучи да издвои време за себе и за разубавување, па така посети еден фризерски салон.

„ Време е за ревитализација, репарација и реставрација“, напиша во описот на фотографијата.

фото: инстаграм/сузанатурунџиева

Деновиве, Турунџиева и покажа од кога ја наследила својата убавина. Имено, на својот „Инстаграм“ таа објави фотографија од нејзината мајка која има 80 години, а во описот на напиша емотивна порака:

„ И во нејзината 80та година сеуште ми се обраќа со СИНЕ и постојано бдее над мене, а јас и во мојата 51ва година сеуште и се извинувам за секое недоразбирање или ненамерно невнимание, дури и кога немам потполно никаква вина… За нејзините солзи би убила некого…
Бидејќи ЕДНА Е МАЈКА!
Затоа, и уште 3 деца да родам, и уште 4 пати да се заљубам, никого нема да го сакам и почитувам како неа“.

фото: инстаграм/сузанатурунџиева

Но кој би рекол дека оваа модерна дама со младешки изглед има 80 години. Сега ни е јасно од кого ја наследила својата убавина, а и во едно е право ЕДНА Е МАЈКА.

To top