Живот и Стил

Ледена торта со овошје: Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба

Ледена торта со овошје: Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба

Оваа овошна торта е одлична за секој ден, а сигурни сме дека и вашите најблиски ќе бидат изненадени од вкусот. Ако немате ананас, банани и јагоди, слободно можете да ги замените со овошје по желба.

Потребни состојки:

  • 1 кг шлаг
  • 1 л кисела вода
  • 300 г јагоди
  • 300 г ананас
  • 300 г банани

Начин на подготовка:

  • Изматете го шлагот со киселата вода и поделете ја смесата на три дела. Исечкајте го овошјето.
  • Во првиот дел додајте јагоди, во вториот ананас, а во третиот додајте ги бананите.
  • Израмнете ја секоја смеса рамномерно и ставете во замрзнувач 2 часа или преку ноќ во фрижидер.
  • Следниот ден свртете ја на послужавник и исечете како торта. Идеално е за топлите денови, а изборот на овошје може да биде различен.

Извор: Кафепауза

To top