Пред два дена се роди Жељко Ражнатовиќ, синот на Вељко и Богдана, а неговото раѓање на големо се славеше во вилата на Цеца, а еден ден подоцна се славеше и во Тител.
Иако се уште не излегол од болница, српските медиуми веќе шпекулираат каде ќе живее Жељко, дали во Тител или на Дедиње.
Како што пишуваат медиумите, Богдана од породилиште ќе оди во куќата на Цеца која веќе има подготвено соба за внукот.
Сепак, Жељко и во Тител ќе биде добредојден. Таму Родиќ им подарија куќа на Вељко и Богдана, а тие работат на реновирање и подготвување на домот, па дури и градат базен каде што ќе може да ужива нивниот наследник.
Во продолжение погледнете како изгледа вилата во која Жељко ќе поминува време со своите родители.