Владимир Крстевски, или како што повеќето знаат да го наречат Франц од „Нокаут“, долго време е надвор од Македонија и заедно со својата сопруга и ќеркичката го живее американскиот сон во Лос Анџелес-Калифорнија.
Родендените се денот за кој секогаш знаат да објават фотографии на социјалните мрежи, а овој пат имаа специјален ден- првиот роденден на нивната наследничка, малата Мелоди.
Мама и тато и неизмерната среќа беа доволни за еден прекрасен ден за кој Ема иако како што вели не е по правењето торти и колачи, овој пат се изненадила самата од себе.
Направија мини фотосесија за спомен на првата година од нивниот живот заедно со Мелоди, а за фотографиите добија само комплименти и секако бројни роденденски честитки за малата славеничка.
Среќен роденден!