Ако вашиот домашен мебел од дрво е стар и дотрајан, па затоа грдо изгледа, не грижете се. Постои лесен и евтин начин да го обновите со две обични состојки, кои секое домаќинство ги има..
Се што ви треба е 3/4 шолја масло и 1/4 шолји оцет.
Измешајте ги овие две состојки и ставете дел од смесата на крпа, со која ќе го бришете мебелот.
Избришете ги старите столици и маси, полици, наткасни, регали… или друг дрвен мебел и тие за час ќе блеснат како да се нови.