Нашите дланки можат да откријат многу работи кога е во прашање нашето здравје. Различните сензации на нашите дланки и прсти можат да ги покажат проблемите во другите делови на телото, а овие знаци на предупредување не треба да ги игнорирате. Следните симптоми може да бидат предизвикани од специфични болести или недостаток на хранлови материи во организмот. Дали препознавате некои од овие симптоми кај вас?
1. НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИНИ
Ако чувствувате пецкање или штипење на рацете, тоа може да укажува дека не внесувате доволно витамини Б1, Б6, Б12 и Е. Единствен начин со сигурност да дознаете дали страдате од недостаток на витамини е тест на крвта. Ако тестот е позитивен, докторот ќе ви ги каже потребните витамини.
2. ПРОБЛЕМИ СО ЦИРКУЛАЦИЈА
Утрнатоста на прстите на десната рака може да биде симптом за вклештен нерв, но и знак за кардиоваскуларни болести.
3. ДИЈАБЕТЕС
Пецкањето кое почнува во стапалата и се шири кон рацете, може да биде знак за дијабетис. Причината за тоа е лошата циркулација која доведува до оштетување на нервните завршетоци.
4. ИЗНЕМОШТЕНОСТ
Ако постојано кревате тешки преднете или го држите зглобот во незгодна положба, вршите огромен притисок на чувствителните нерви во плизина на површината на кожата. Ова може да доведе до чувство на пецкање или штипење на прстите. Важно е да ја одморите раката, но и доволно да спиете за да го намалите нивото на стрес.
5. ПРОБЛЕМИ СО РБЕТОТ
Оштетување на рбетот доведува до проблеми со нервните патишта, а тоа резултира со симптоми кои се појавуваат на рацете. Овој проблем можете да го решите со зајакнување на мускулите на грбот, со јога или со пливање. Обидете се да не седите премногу.
6. СИНДРОМ КАРПАЛЕН ТУНЕЛ
Многу луѓе имаат чувство на треперење или пецкање во рацете кога ќе легнат и ги одмараат зглобовите. Ова доведува и до болка и предузвикува одредени нерви во раката да бидат оштетени и да им е потребен соодветен медицински третман. Ако ги имате овие симптоми посетете доктор пред да бидат трајно оштетени.
7. БИРГЕРОВА БОЛЕСТ
Ако вашите прсти се вкочанети и бели, па диру и сина боја, може да страдате од биргерова болест. Оваа состојба доведува во воспалување на крвните садови. Најчесто е резултат на прекумерното пушење, а во екстремни случаи бара и ампутација на екстремитетите ако болниот човек престане да дише.
извор:скопје24.мк