Ако ве мачат пролетните алергии од полен и цветањето на природата, сигурно не знаете како да се изборите со досадната кивавица.
Покрај лековите кои ги пиете и витамините за зајакнување на имунитетот, препорачуваме да пробате и природен „медикамент”.
Направете многу брзо и лесно сируп од рен
- Парче рен, зеленчук со исклучително силен мирис, изрендајте го, а потоа прелијте го со чаша топла вода во која претходно сте раствориле лажичка мед.
- Важно е многу добро да ја измешате смесата и сирупот е готов.
- Ова е доза за една употреба, а потребно е да ја правите два или уште подобро три пати на ден и да ја пиете голтка по голтка. Во никој случај одеднаш, бидејќи посакуваниот ефект ќе изостане.
- Со бавно пиење, силниот мирис на ренот и сите лековити состојки кои ги има, ќе го прекине кивањето и ќе ви помогне полесно да дишите.