Радио Милева

(ФОТО) Марија Шерифовиќ објави фотографија во фустан и откри кога научила да каже НЕ на женската гардероба!

(ФОТО) Марија Шерифовиќ објави фотографија во фустан и откри кога научила да каже НЕ на женската гардероба!

Марија Шерифовиќ некогаш беше вистинско девојче.

Ќерката на познатата пејачка Верица Шерифовиќ, како дете беше под контрола на мама, во секоја смисла, вклучувајќи и модна. Марија се пошегува на својот Инстаграм профил, кога објави фотографија од деновите кога беше малечка , а е заедно со мајка си. Она што е интересно е тоа што на истата можеме да ја видиме Шерифовиќ во фустанче.

-Мојата мајка Верица и јас! Во фустан со карнери, не знам баш како се вика овој моден детаљ. Се на се, таа епизода траеше кратко. Додека не научив гласно да кажам НЕ, напиша пејачката под фотографијата.

Можеби многумина и сега сакаат да ја видат Марија во фустан, но нејзините модни избори ја отсликуваат нејзината личност, став и карактер, без што таа не е своја. Но, мора да признаеме дека на оваа фотографија изгледа преслатко, како и мама Верица.

To top