Во време на продолжен викенд со полициски час, веруваме дека повеќето од вас ги извадија старите албуми со фотографии од некое дамнешно време.
Навраќање кон спомените преку фотографии имаше и Сузана турунџиева која пред своите пријатели и следбеници на Инстграм покажа како изгледаше пред повеќе од три децении односно пред 37 години.
„Чупињата“, напиша таа во описот на фотографијата каде позира најверојатно со своите другарки.
Од приложеното може да се види дека Сузе отсекогаш била со витка става, а кадравата коса и денес и остана заштитен знак.