Живот и Стил

Ново истражување конечно ја реши дилемата: Дали хируршките маски штитат од коронавирус?

Ново истражување конечно ја реши дилемата: Дали хируршките маски штитат од коронавирус?

Истражувачите поставиле кафез со хрчаци кои претходно биле заразени со коронавирус, покрај кафез со здрави глодари.

Тестовите кои биле спроведени над нив покажуваат дека употребата на маски во голема мера го намалила ширењето на коронавирусот, соопштија вчера научниците од универзитетот во Хонгконг.

Станува збор за една од првите студии која имала за цел да проучи дали употребата на маски може да спречи симптоматските или асимптоматски носители на Ковид-19 да заразат други луѓе.

Д-р Јуен Квок-Јунг, познат научник кој се занимава со истражување на новиот коронавирус извел експеримент со два кафези со хрчаци. Помеѓу двата кафези биле поставени хируршки маски, при што воздухот циркулирал од кафезот во кои биле сместени болните животни кон кафезот во кои биле здравите хрчаци.

Резултатите покажале дека преносот на вирусот бил намален за повеќе од 60 отсто кога маските биле на место. Штом ги отстраниле маските, научниците утврдиле дека две третини од здравите глодари се заразиле во рок од една недела.

Стапката на зараза се намалила за нешто повеќе од 15 отсто кога маските биле ставени во кафезот на болните хрчаци, а дури 25 отсто кога биле ставени во кафезот на здравите животни.

-Јасно е дека употребата на маски кај пациентите е поважна од било што друго. Веќе знаеме дека голем дел од заразените лица немаат никакви симптоми така што универзалната употреба на заштитните маски е навистина важна, истакнал професорот.

Инаку, Јуен Квок-Јунг е еден од водечките микробиолози кои го откриле вирусот САРС кој се појави во 2003 година. Тој долго време се залагал за употреба на заштитни маски од страна на населението.

извор: курир.мк

To top