Направете мраморни јогурт мафини.
СОСТОЈКИ:
- 250 мл. јогурт
- 1 шолја шеќер
- 2 јајца
- 2 шолји брашно
- пола шолја масло
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- 3 лажици какао
- 50 гр. рендано чоколадо
- 1 кора од лимон рендана
ПОДГОТОВКА:
- Се матат јајца со шеќер и ванилин шеќер па се става полека масло и брашното со прашок за пециво и јогурт.
- Се дели тестото на два дела.
- Се става какао и рендано чоколадо во едниот дел, а во другиот рендана кора од лимон.
- Се става светлиот дел од тестото во калапи за мафини, па темниот и се пече 20 минути на 180 степени.
извор:готви.мк