Живот и Стил

После 2-месечната пауза, еве како да го зајакнете имунитетот пред да се вратите на работа

После 2-месечната пауза, еве како да го зајакнете имунитетот пред да се вратите на работа

Иако сè уште не се отворени фитнес центрите, би требало да знаете дека и вежбите кои ги правите дома поттикнуваат циркулација на крвта.

Луѓето кои вежбаат пет или повеќе денови во неделата, имаат за 46 отсто помали шанси да заболат од одреден вирус, во споредба со оние кои вежбаат само еднаш неделно или не вежбаат.

Поради сето ова, возрасните би требало да бидат физички активни секојдневно, односно најмалку 150 минути неделно.

Исто така, покрај редовната физичка активност, за зајакнување на имунитетот важни се и следниве фактори:

Хидратација

Внесувањето на доволна количина на вода ја поддржува способноста вашето тело да ги елиминира токсините и отпадните материи, што е од исклучителна важност за јак имунитет. Треба да избегнувате премногу кофеински пијалоци, бидејќи тие може да доведат до зачестено мокрење и потенцијална дехидрација.

Се препорачува консумирање на 1,5 до 2 литри вода дневно, а ако сакате да се напиете нешто друго, изберете чаеви како што се чајот од лимон или ѓумбир.

Повеќе овошје и зеленчук

Една од причините поради која нутриционистите толку препорачуваат овошје и зеленчук е тоа што се преполни со витамини и минерали кои се неопходни за делотворен имунолошки систем.

Додатоци во исхраната

Витаминот Д допринесува зајакнување на имунолошкиот систем и секогаш е добар избор, но пред да почнете да го земате како додаток во исхраната, консултирајте се со вашиот лекар.

Доволно спиење

Доказите покажуваат дека недостатокот на сон може да влијае на пад на имунитетот, со што ќе се намали отпорноста на организмот кон вируси и бактерии, па обезбедете си доволно сон, тоа е клучно за зајакнување на имунитетот.

извор: точка.мк

To top