Според древното верување, правилното уредување на животниот простор во својот дом привлекува позитивна енергија која носи среќа, хармонија и успех.
Правилата на Фенг шуито велат дека една од најважните простории е спалната соба бидејќи таа ја содржи нашата лична енергија. Доколку спалната соба има нестабилна, слаба или негативна енергија, тоа ќе се одрази и на нашиот личен живот и врски.
Енергијата на собата и животот може да се подобри со внесување на неколку предмети во спалната соба.
Кревет со максимална големина од 200х150 центиметри – избегнувајте големи кревети бидејќи тие внесуваат раздор во спалната соба. Големиот кревет ја намалува блискоста со вашиот партнер.
Црн дневник или бележник и црвено пенкало – со запишување на своите мисли и обврски создавате ред во животот, а запишувањето на соништата ќе ве поттикне да размислувате позитивно. Црната боја симболизира знаење и мудрост, а црвената боја заштитува и ги буди мислите.
Дифузер за етерични масла – освен што мирисаат прекрасно, етеричната масла имаат лековити својства кои опуштаат по напорниот ден. Испробајте етерично масло од лаванда и кедар кои се препорачуваат за спалната соба.
Црн турмалин и чист кварц – црниот турмалин ја чисти собата од електромагнетски сили кои влијаат на нашиот сон и здравје, вели експертот за Фенг шуи, Аније Чо.
Ткаенина за покривање на електронските уреди – доколку во собата имате електронски уреди како компјутер или телевизор, пред спиењето покријте ги со природна ткаенина во неутрална боја бидејќи на тој начин ќе се одвоите од енергијата која негативно влијае врз вашиот сон.
Зелена билка – растенијата се “тивки лекувачи” на нашето тело и дух кои со нас ја споделуваат својата добра енергија. Тие создаваат кислород, ги отстрануваат штетните материи од воздухот и ја обновуваат енергијата во спалната соба.