Живот и Стил

Овој домашен сируп ја спречува и најупорната кашлица

Овој домашен сируп ја спречува и најупорната кашлица

Сирупот од ловоров лист е природно средство за смирување на надразнетото грло бидејќи има антивоспалително и антисептично дејство, а освен тоа ги прочистува дишните патишта и го зајакнува имунитетот.

Наместо да ја посетите најблиската аптека за да купите пастили или сируп за својата упорна кашлица и болно грло, многу е подобро да припремите многу едноставен и природен сируп кој ќе ги елиминира сите ваши тегоби.

Ловоровиот лист често се користи во кујната како додаток во јадењата, давајќи им посебна арома, а етеричното масло од ловор е одлично за инхалација и дезинфекција на просторот, посебно во сезоната на настинки и грип.

За припрема на овој сируп ви се потребни само три состојки, а тоа се: ловоров лист, лимон и кафеав шеќер или мед.

Состојки за сируп:

• 6 парчиња сушен ловоров лист

• 1 лимон

• 3-4 лажички кафеав шеќер или мед

Припрема:

• Во сад, зовријте 2,5 децилитри вода.

• Во водата додадете ги листовите од ловор и поклопете го садот. Оставете да врие од 5 до 10 минути.

• Извадете ги листовите, а течноста префрлете ја во друг сад.

• Во садот додадете го шеќерот и сок од еден лимон и добро промешајте.

Начин на употреба: Консумирајте една лажичка сируп три пати на ден.

извор:точка.мк

To top