Психолозите се едногласни, оваа техника е најефикасна во борбата против стресот.
Ако се чувствувате напнато деновиве и нервозата ве обзема, ние имаме решение. Психолозите велат дека овој метод е исклучително ефикасен. Музиката лекува, па ако ги слушате вистинските тонови само 30 минути на ден, тензијата ќе исчезне.
Музиката лекува стрес, несоница и го подобрува расположението.
Многу направени студии зборуваат за корисноста и ефективноста на оваа техника. Кај испитаниците кои учествувале во овие студии, забележан е помал емоционален стрес, подобро и полесно спиење, помала напнатост и подобра меморија.
Како нотите влијаат на мозочните клетки?
Музиката има ефект на намалување на секрецијата на хормонот на стрес, кортизол и го стимулира излачувањето на окситоцинот, што игра улога при предизвикувањето на чувството на задоволство. Влијае на голем број на делови од мозокот, а со тоа влијае и на лимбичкиот состав, што е всушност делот на мозокот кој игра важна улога во регулирањето на емоционалните реакции.
Каква музика предизвикува релаксација?
Треба да знаете дека не секоја музика има позитивен ефект. Онаа што е најефикасна има темпо од околу 60 отчукувања во минута и не повеќе од 75 удари. Значи има побавен ритам, поедноставна структура, потивки, хармонични и честопати поедноставни звуци.
Најдобро е да слушате инструментална музика, бидејќи музиката што вклучува текст може да ви го одвлече вниманието. Звукот од гитара се наведува како еден од најефикасните звуци.
30-минутното слушање музика е поефикасно од која било друга форма на релаксација, се согласуваат психолозите.
извор:кафепауза.мк