Живот и Стил

Го чисти организмот, ја враќа енергијата и го подобрува расположението: Еднаш неделно уживајте во топла купка

Го чисти организмот, ја враќа енергијата и го подобрува расположението: Еднаш неделно уживајте во топла купка

Важно е овие денови да се грижиме за себе и за своето здравје, бидејќи ако не го правиме тоа за нас, кој ќе го прави?

Зошто понекогаш не се разгалите себеси ако веќе имате време за тоа? Ви препорачуваме барем еднаш неделно да уживате во топла купка бидејќи експертите велат дека со тоа го прочистувате организмот.

Според д-р Салманов, со топлата купка се отстрануваат повеќе отпадни материи отколку што тоа можат да го постигнат бубрезите за 24 часа. Топлата купка ја забрзува циркулацијата на крвта, ја враќа енергијата и го подобрува расположението. Докторите препорачуваат да го направите тоа еден час пред спиењето и тоа на следниот начин:

– наполнете ја кадата со топла вода

– легнете во кадата и оставете да тече врела вода

– водете сметка што помала површина од телото да остане надвор од водата

– останете во кадата околу 20 минути

За тоа време, опуштете се со некоја смирувачка музика, а наместо светло запалете миризлива свеќа. Ако повеќе ви одговара, можете да го оставите светлото вклучено и за тоа време да читате нешто што сакате.

Кога ќе излезете од кадата, легнете и покријте се. Останете покриени најмалку 15 минути за да се испотите. Избришете го телото со пешкир и останете во топла просторија.

извор:точка.ком.мк

To top