Радио Милева

Хелена Роза со емотивна роденденска честитка до мајка си, а покажа и како со сестра и Ребека изгледале како мали (фото)

Хелена Роза со емотивна роденденска честитка до мајка си, а покажа и како со сестра и Ребека изгледале како мали (фото)

Веќе неколку години, поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза заедно со семејството живее и работи во Нов Зеланд.

Таа е често присутна на социјалните мрежи, од каде дознаваме за нејзините активности далеку од родната земја. Но, периодов атрактивната Хелена е носталгична за дома, а како што пишува во објавите, многу и недостасуваат и  најблиските, пријателите, медиумите.

Но, има денови кога тие чувства се особено изразени, како што е роденденот на нејзинта мајка Роза. Токму по повод нејзиниот роденден Хелена на својот профил објави една ретро фотографија и една нешто понова.

фото:хелена роза/фејсбук

-Среќен роденден мамки моја. Ти благодарам што постоиш и што си тука за мене. Ми фалиш многу. Те сакам, напиша Хелена.

фото:хелена роза/фејсбук

Од објавената ретро фотграфија може и да се види како Хелена и нејзината сестра Ребека изгледале како малечки, но и од кого ја наследиле убавината.

 

 

To top