Живот и Стил

(ВИДЕО) Лазања готова за 30 минути: Изгледа светски и повкусна е од оригиналот

(ВИДЕО) Лазања готова за 30 минути: Изгледа светски и повкусна е од оригиналот

Лажна лазања повкусна и од оригиналниот рецепт. Неодоливи залаци детално прикажани на видео рецептот.Ова е се што ви е потребно:

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. тестенини по избор
  • 1 шолја вода
  • сол

 

ЦРВЕН СОС:

  • 400 гр. мелено месо
  • 200 мл. домати варени
  • 100 мл. масло
  • 1 главица кромид
  • 4 чешни лук
  • 2 лажички вегета
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1 лажиче оригано
  • бибер
  • 100 мл. кечап

 

БЕШАМЕЛ:

  • 200 мл. млеко
  • 1 лажица брашно
  • 4 лажици масло
  • 350 гр. кашкавал
  • сол
  • бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Загрејте ја рерната на 230 степени, подмачкајте огноотпорен сад и ставете тестенини, вода и сол. Измешајте и ставете ги во врела рерна 10 минути да омекнат.
  2. Подгответе ги во меѓувреме двата вкусни соса.
  3. Се сече лукот и се динста на масло со мелено месо, зачини, домати, кромид, па се крчаат 10 минути. Во друга тава загрејте масло и испржете брашно со млеко, па сол и бибер.
  4. Додајте му кашкавал на белиот сос.
  5. Извадете ги тестенините, ставете црвен сос, измешајте, па ставете бел сос.
  6. Ставете оригано и вратете да се пече 15 минути.
  7. Пред крај тргнете го капакот да се зарумени.
  8. Пријатно!

 

Ова е деталната подготовка:

извор:готви.мк

 

To top