Живот и Стил

Како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени?

Како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени?

Изолацијата, социјалното растојание, маските и дезинфекцијата станаа секојдневие. Луѓето со нетрпение го чекаат крајот на пандемијата, но сите се прашуваат што ги чека во иднина? Сите зборуваат за враќање на животот во нормала, но како ќе изгледа таа „нова нормала“?

„Гардијан“ неодамна објави истражување направено од психолог Стивен Тајлер во кое учествувале 7.000 возрасни луѓе од САД и од Канада и според тоа истражување, дури 75% од нив добро се справиле со ситуацијата, а само 25% биле под стрес.

Но, колку и да сте психички стабилни, изолацијата предизвикува одредено ниво на вознемиреност и фрустрација. Луѓето се желни за контакти, едвај чекаат да се поврзат. Има и такви кои се исплашени затоа што се изложени на ризик, а има и такви кои имаат став дека сето ова е заговор, дека никој не е во опасност и слично, што е исто така еден вид одбранбен механизам.

Во последните два месеци, социјалните мрежи беа нашиот „прозорец“ кон светот, нашето игралиште, нашите кафулиња, нашите семејни собири. Колку ни помогнаа да го задржиме разумот, и колку ни одмогнаа?

Можни проблеми во иднина

Најверојатно во иднина ќе се свртиме уште повеќе кон дигиталните мрежи, но социјалната интеракција не може да ја замени ништо. Од една страна, дигиталната технологија ни помогна да останеме во контакт со најблиските, но, од друга страна, повеќе ни одмогна. Дигиталната технологија ги „турка“ луѓето кон отуѓување, особено оние кои имаат тенденција да се повлечат и што страдаат од социјална вознемиреност. Не секој има способност да се дистанцира. Кога животот ќе почне да се враќа во нормала, треба да се оддалечите од социјалните мрежи, да одите на прошетки и да излезете од тој виртуелен свет.

Како да се справите со многуте информации што ги слушате секојдневно?

Дефинитивно треба да се обидете да се изолирате од информациите што ве преплавуваат. Секако, треба да бидете во тек со новите мерки и регулативи за да не правите грешки. Сепак, кога ќе се сретнете со луѓето што ви се драги, почнете да поставувате отворени и директни прашања: „Како го поминавте времето?“, „Што правевте?“, „Дали ви беше тешко?“. Многу е важно да се поврзете со личноста со којашто комуницирате. Поддршката е многу важна, а враќањето на човечкиот контакт ги поврзува сите и тоа е клучно.

Како треба да се однесувате?

Логично е да постои вистински страв бидејќи факт е дека пандемијата не заврши. Постои и страв од економски загуби, губење на работните места, ниски плати. Всушност, ова се вистинските стравови и соочување со проблемите што ве чекаат и нешто на што ќе мора да се навикнете, па затоа треба да се фокусирате на позитивните аспекти.

Голем број луѓе едвај чекаат да се вратат во кафулињата, кај фризерите итн., но треба да бидете одговорни и да бидете свесни за последиците од вашето однесување. Вие не сте одговорни само за себе, туку и за другите. Мора да се соочите со вистината дека некое време ќе живеете во еден сосема друг социјален контекст. Ќе посветувате повеќе внимание на хигиената, ќе се грижите за социјалната дистанца, а патувања ќе бидат комплицирани. Промените ќе продолжат и по вонредната состојба, од ден на ден, чекор по чекор.

Извор: кафепауза

To top